Неверојатна сцена во Србија: Змија се појави на терен, двапати го гризнала судијата кога ја фатил (Видео)

На натпревар од градската фудбалска лига во Лесковац, Србија, Горно Синковце и Радник Шишинац, се случи неверојатна ситуација, на теренот се појави змија.

Прво еден навивач се обиде да ја избрка од теренот, но не успеа, по што змијата стана поагресивна. Тогаш судијата успеа да ја фати и да ја фрли надвор од теренот, но притоа бил гризнат двапати.

 

„Се случи необична ситуација. На теренот се појави змија, поради што беше прекинат натпреварот. Неверојатно е што судијата успеа да ја фати и да ја тргне од теренот, а притоа змијата не беше повредена. Според последните информации, се покажа дека судијата бил отпорен да двете каснувања“, стои во објавата на „Инстаграм“ на домашниот тим Горно Синковце.

- Оглас -

Најнови вести