Неверојатна тактика на Наполи при изведувањето на почетниот удар (Видео)

Наполи пред своите навивачи е домаќин на Аталанта, а по првите 45 минути на стадионот „Диего Армандо Марадона“ нема погодоци. Наполи во претходното коло загуби дома од Лацио и сега сигурно ќе се обиде да ги израдува домашните навивачи, кои сезонава се подготвени и да слават титулата по пауза од повеќе од 30 години.

Во стартниот тим на Наполи го нема македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, а избраниците на тренерот Лучијано Спалети од првата секунда покажаа дека сакаат да нападнат и освојат трите бода.

Почетниот удар го имаше домашниот тим, а интересна беше тактиката дури осум фудбалери на Наполи да бидат наредени покрај линијата и штом судијата означи почеток на мечот, сите да тргнат во напад.

Интересна беше замислата на Наполи, но реализацијата беше многу слаба и безопасна за противничкиот гол. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас првото полувреме го изгледа од клупата за резерви кај Наполи.

- Оглас -

Најнови вести