Неверојатна тројка на Хауард за победа на Лион во француското Евролигашко дерби (ВИДЕО)

Најинтересниот меч од вечерашната програма го одиграа Монако и Лион, кој заврши со 84:85.

Домашниот тим на само две секунди пред крај имаше предност од 84:82, но, Вилијам Хауард пред звукот на сирената погоди неверојатна тројка.

Тој, од пола терен во последните мигови ги „заледи“ домашните, кои мислеа дека ќе остварат победа.

Токму Хауард беше најдобриот играч на средбава со дабл дабл учинок од 23 поени и 10 скокови.

Во Белград, пак, кошаркарите на Уникс Казан уфрлија 98 поени против Црвена Звезда во 12. коло од Евролигата.

Рускиот тим погоди 15 обиди за три поени, со што на крај победи со 78:98 на гостувањто во Белград.

Наједикасен играч на мечот беше Џон Браун со 18 поени. Ова за Уникс беше четврта едноподруго победа, додека, пак шампионот на Србија е во серија од три порази по ред.

 

ЕВРОЛИГА

Црвена Звезда – Уникс Казан 78:98

Монако – Лион 84:85

Милано – Олимпијакос 72:93

Барселона – Жалгирис 96:73

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести