Неверојатната Холанѓанка Бол за две недели двапати собори светски рекорд (Видео)

Холандската атлетичарка Фемке Бол, по вторпат за само две недели го собори светскиот рекорд на 400 метри во сала.

Таа вечерва во финалето на СП во сала кое се одржува во Глазгов, Шкотска, триумфира со време од 49,17 секунди, што е ново најдобро време во историјата на оваа дисциплина.

 

Пред само две недели, Фемке Бол, на националното холандско атлетско првенство во сала, првпат го собори светскиот рекорд, трчајќи 49,24 секунди.

 

Сребрениот медал и припадна на уште една Холанѓанка, Лике Клавер, со време од 50,16 секунди, а бронзата и освои Американката Холмс која во финалето делницата од 400 метри ја истрча за 50,24 секунди.

- Оглас -

Најнови вести