Неверојатната серија се уште трае: Самсунспор нема пораз на последните 22 натпревари

3002 – Лече – Наполи (19:00)

Екипата на Наполи после домашниот пораз од Мила, ќе бара враќање на победничките патеки на гостувањето кај Лече. Домашните се во серија од четири порази по ред, а Лече нема победено на “Виа дел Маре“ уште од 4-ти Јануари. Воедно, Наполи го има најдобриот напад во лигата и не би требало да има проблем да постигне повеќе од два погодоци.

Предлог тип: 2 & Т2 2+ (2,10)

 

3003 – Милан – Емполи (21:00)

Милан после дербито со Наполи, ќе се обиде да продолжи со одлични резултати и се очекува победа над незгодниот Емполи. Домашните секако дека се подобри во меѓусебните дули, а на последните четири натпревари имаат исто толку победи. Емполи последен пат се радувал против Милан во 2017-тата година.

Предлог тип: 1 & 3+ (2,10)

 

1701 – Ленс – Стразбур (21:00)

Екипата на Ленс потерата по ПСЖ ќе ја продолжи на домашен терен против Стразбур. Гостите ја имаат една од најслабите одбрани во лигата, која во досегашниот тек од првенството има примено дури 50 погодоци. Ленс ќе се обиде да го отвори мечот во раната фаза, а тоа ќе значи дека и Стразбур ќе го отвори гардот со оглед на незавидната ситуација во која се наоѓа на табелата. Отворениот фудбал секако дека се очекува да донесе и голови на овој меч.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2,35)

 

1962 – Гозтепе – Самсунспор (19:30)

Во дербито на втората турска лига, екипата на Гозтепе ќе му биде домаќин на лидерот Самсунспор, кој не знае за пораз во првенството скоро шест месеци. Самсунспорт го има најдобриот напад во лигата, што сега дека е причина за неверојатната серија од 22 натпревари без пораз. Сепак, Гозтепе е незгодна екипа која е во средината на табела и се уште се надева дека ќе стигне до плеј-офот за пласман во повисок ранг.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2,04)

 

1301 – Севиља  – Селта Виго (21:00)

Екипата на Севиља ја игра една од најлошите сезони во последните неколку години. Се очекува Селта Виго тоа да го искористи да се доближи до местата коои водат во фудбалска Европа. Гостите од Виго се во серија од седум натпревари без пораз, а во меѓусебните дуели често знаат да одиграат со многу голови. Два или повеќе голови имаше на 13 од последните 15 дуели помеѓу овие две екипи.

Предлог тип: Х2 & 2+ (2,50)

- Оглас -

Најнови вести