Неверојатни 159 игри за Суперболот во Sport Life

Канзас Сити и Тампа беј се двете екипи кои вечерва ќе бидат дел од 55-тото издание на Супер болот што ќе се игра на Флорида. Овој меч ќе биде историски по неколку работи, а на крајот само еден тим ќе се радува.

За Канзас беше и очекувано да стигне до самата завршница, затоа што тоа беше тим кој се вбројуваше меѓу фаворитите за трофејот. Канзас е и актуелен освојувач на ланскиот Супер бол, па сега ќе се обиде да го задржи тронот. Цели 16 години не се случило еден тим две сезони по ред да го освои Суперболот.

Пласманот на Тампа беј во финалето изненади многумина, затоа што тоа е тим кој 12 сезони воопшто не беше дел од плејофот, а сега е во финалето. Најзаслужен за таквиот подем на Тампа беј е легендарниот квотербек Том Брејди. Иако има 43 години, Брејди играше феноменално во текот на целата сезона и заслужено се најде во 10-тиот за него Супер бол, а ќе го „лови“ седмиот трофеј. И Канзас во своите редови има одличен квотербек, а тоа е Патрик Махомес кој има 25 години и се очекува во следните 10-тина години да биде главна ѕвезда во НФЛ.

Ова ќе биде дуел со најмалку публика во историјата на Супер бол финалињата. На трибините на стадионот кој има капацитет од 75.000 публика, ќе има само 25.000 гледачи, што е како дел од протоколите во борба против Коронавирусот. Специјално место ќе имаат 7.500 лекари во САД кој веќе се вакцинирани од Коронавирусот и може да бидат дел од настанот.

За прв пат, финалето ќе се игра на теренот на еден од двата финалисти, што значи дека Тампа беј ќе биде во предност. Сепак, сезонава Канзас успеа еднаш да слави на овој терен и тоа со 27:24, што само потврдува дека гостите и сега се фаворити.

Во Sport Life имате неверојатно голема понуда на игри за Супер болот да ви биде повозбудлив.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести