32.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025

Треба да пропатуваат неверојатни 45.000 километри за да ги одиграат четирите меча на гости во ЛШ

Екипата на Каират Алмати е еден од трите клуба кои сезонава ќе имаат чест да дебитираат во групната фаза од Лигата на шампионите. Се работи за екипа која доаѓа од Казахстан и е на најисточната страна во оваа азиска земја.

Поради фактот дека 20 отсто од територијата на Казахстан е дел од европскиот континент, земјата има право да одбере дали ќе игра во натпреварувањата на УЕФА или на азиската конфедерација.

По елиминацијата на шкотскиот гигант Селтик, Каират Алмати ги одби противниците во групната фаза од ЛШ. Казахстанскиот тим ќе игра на домашен терен против Реал Мадрид, Клуб Бриж, Олимпијакос и Пафос, но го чекаат и маратонски гостувања кај Интер, Арсенал, Спортинг Лисабон и Копенхаген.

Ако се соберат релациите на сите четири гостувања, Каират Алмати треба да помине речиси 45.000 километри во својата прва сезона во Лигата на шампионите. Тоа е рекордна дистанца, надминувајќи цел круг околу Земјата.

Броевите за километри кои треба да се пропатуваат се неверојатни. Патот до Копенхаген е 4.664 километри. Патот до Милано е 5.225 км, а до Лондон е 5.694 км.

Рекордното патување не само за Каират, туку воопшто во историјата на Лигата на шампионите ќе биде патувањето до Лисабон. Неверојатни 6.908 километри треба да пропатуваат играчите на Каират од Алмати до Лисабон. Тоа ќе биде најдолгото еднократно патување некогаш забележано на европските натпреварувања. Ако се соберат сите четири патувања на гости, Каират има 22.3491 км во еден правец. Ако се знае дека таа бројка треба да си дуплира, односно да се пресмета патувањето и за враќањето дома, се добиваат неверојатни 44.982 километри пат.

Уште во првото коло од Лигата на шампионите ќе биде испишана историја затоа што Каират Алмати ќе патува во Лисабон, најдолгиот пат за да се одигра еден меч од европските купови на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести