Манчестер јунајтед има предност од 1:2 по првото полувреме на гостувањето кај Евертон во последниот денешен натпревар во Премиер лигата.
Во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо кој иако натпреварот го почна од клупата за резервни играчи, влезе во игра во 29 минута по повредата на Антони Марсијал и конечно го скрши малерот.
Роналдо го постигна вториот гол за Јунајтед во 44 минута и тоа беше негов прв сезонава во Премиер лигата, но во исто време и 700 во кариерата во клупскиот фудбал. Роналдо во 20-годишната професионална кариера играше за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус за кои постигна неверојатни 700 гола.
Претходно, Евертон кој нема пораз во последните седум натпревари во Премиер лигата, поведе со голот на Алекс Ивоби уште во петтата минута.
Ова беше прв гол на Ивови сезонава, но има и три асистенции, со што е најдобар кај „карамелите“. Исто така Ивоби се наоѓа во серија од три натпревари по ред на кои или има асистенција или постигнува гол.
Откако доживеаја непријатно изненадување на самиот старт, фудбалерите на Манчестер јунајтед, тргнаа со офанзивно кон голот на Пикфорд и во наредните десет минути буквално се играше викторија на половината на домаќините.
Јунајтед во тие моменти имаше дури 95 отсто посед на топката и таквата игра вроди со плод во 15 минута кога Ентони на асистенција на Марсијал погоди за израмнување.
Со постигнатиот гол, Ентони стана првиот фудбалер на Манчестер јунајтед кој постигнал гол на првите три натпревари во Премиер лигата.
CRISTIANO RONALDO 700TH CLUB GOAL! pic.twitter.com/xBWkorDHnm
— TC (@totalcristiano) October 9, 2022