Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, во победата на неговиот тим од 128:108 над Атланта хоукс, учествуваше со 14 поени, 18 скока и 10 асистенции и ги остави во чудо медиумите во САД бидејќи се најде на чело на статистичка категорија во која доминираат бекови, а не центри.
Имено, Јокиќ со десетте асистенции против Атланта, дојде до бројката од вкупно 464 додавања сезонава и се наоѓа на првото место на играчи со највеќе додава.
https://twitter.com/BleacherReport/status/1622083616280027136?s=20&t=-uUkUToruN2zVe2WN-q0Qg
Јокиќ зад него го остави бекот на Атланта, Тре Јанг кој има едно додавање помалку, додека на третото место се наоѓа играчот на Индијана, Тајрис Халибартон со 430 асистенции.
Јокиќ сезонава просечно има 10.1 асистенции по натпревар и се наоѓа на второто место зад Халибартон, кој има 10.2 додавања по меч.