Неверојатни факти за фудбалот во Северна Кореја, еден ден пред мечот се дознава противникот

Во најмистериозната земја во светот, дури и фудбалот е обвиен во тајност, а специјализираната веб-страница „Sweeper“ донесе неколку одлични интересни факти за фудбалот во Северна Кореја. Можеби најинтересно од сè е што е дозволено одење на натпревари, но никој не знае кој против кого игра сè до денот пред натпреварот. Распоредот за тоа коло од Премиер лигата на ДНРК е објавен пред стадионот и тоа еден ден пред мечот.

ФИФА наведува дека лигата во Северна Кореја е аматерска според своите стандарди, но тоа е само на хартија. Всушност, сите фудбалери се професионални вработени во клубовите за кои играат. Има три лиги со испаѓање и влегување во посилен ранг, како и во сите земји во сметот. Сезоната трае од декември до септември и е поделена во три фази.

Клубовите во елитната лига, или Премиер лигата на ДНРК, се главно со седиште во Пјонгјанг и има 12 од нив кои се натпреваруваат во елитната лига. Сите се во сопственост на државата и се поврзани со разни индустрии, фабрики или владини оддели.

Најуспешниот клуб е „25 април“, кој е именуван по денот на основањето на Севернокорејската револуционерна армија. Клубот освои 22 титули во севернокорејското првенство и учествува на азиските континентални натпреварувања секоја година.

Северна Кореја го има и најголемиот стадион во светот. Тоа е стадионот „Рунградо 1 мај“, кој има капацитет од 114.000 седишта и се наоѓа во Пјонгјанг. Лигата не се емитува дури ни за локалното население и единственото нешто што можете да го гледате се најинтересните моменти од завршените натпревари. Сепак, присуството на стадионите е можно и за локални и за странски посетители.

Туристите можат да одат на трибините, но има посебен режим. Прво мора да се добие дозвола, која се бара преку давателот на туристички услуги. Доколку се даде дозвола, следува темелна проверка при влегувањето на стадионот и посебен дел за седење на трибините, одвоени од локалното население. Турисите во текот на целиот меч се придружувани од државни „водичи“.

Друг многу интересен факт е дека светот не знае што се случува во севернокорејскиот фудбал и невозможно е да се следат резултатите. Ниту една платформа во светот што ги следи резултатите во живо, како што се Flashscore или Sofascore, нема информации за резултатите од Севернокорејската Премиер лига.

Можно е да се гледаат натпревари од англиската Премиер лига во земјата, но под необични услови. Натпреварите се прикажуваат со големо задоцнување, се скратени на само 60 минути, англискиот текст е заменет со корејска графика и не се прикажуваат јужнокорејски играчи за време на натпреварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести