Неверојатни информации пристигнуваат од Шпанија кои велат дека Дани Олмо може да си замине во јануари, и тоа без обесштетување, како слободен фудбалер. Проблемот со регистрацијата на најголемото летно засилување на Каталонците се уште е нерешен, а на Барселона итно ѝ требаат 50 милиони евра за да ја продолжи неговата регистрација и за пролетниот дел од сезоната.
Каталонците во моментов ги немаат тие пари, а регистрацијата на Олмо е до 31 декември. Фудбалерот се врати во матичниот клуб летоска, за сума од 55 милиони евра, која ја доби Лајпциг, а со бонусите таа сума ќе надмине и 60 милиони евра. Сепак, специјалната клаузула во договорот вели дека ако постојат проблеми околу регистрацијата, тој ќе биде слободен да си замине веднаш и без обесштетување.