Австрискиот Инсбрук е третата станица од традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“. Во денешните квалификации се случија неколку неверојатни сензации.
Во официјлната листа на 50 најдобри во квалификациите го нема еден од најдобрите ски-скокачи на денешницата, Камил Штох. Некогашниот трикратен освојувач на оваа турнеја „Четири скокалници“ имаше очаен ден и утре нема да биде дел од главниот натпревар. Во натпреварувањето ќе го нема ниту Норвежанецот Јохан Андре Форфанг, како и рекордерот на скокалницата Микел Хајбек. И овие двајца не ги поминаа квалификациите.
Единствен кој е најконстантен е Риоју Кобајаши. Јапонецот беше најдобар во квалификациите и само потврди дека е главен фаворит за освојување на годинашната турнеја.
Комплетните резултати од квалификациите во Инсбрук може да ги ги видите ТУКА.