Норвешкиот атлетичар Јакоб Ингебригтсен синоќа постави два светски рекорда во една трка на „Голд“ митингот на Светската атлетска федерација во Франција.
Ингебригтсен (24), актуелен олимписки шампион на 5.000 метри, веќе е светски рекордер на 1.500, 2.000 и на 3.000 метри, но овојпат успеа истовремено да урне два рекорда во една трка.
Watch it all unfold 👀
— World Athletics (@WorldAthletics) February 13, 2025
Jakob Ingebrigtsen’s full world record race in the men’s mile at the @Meeting_Lievin 😮💨#WorldIndoorTour pic.twitter.com/Bv7RzfbgoW
На митингот во Лиевен, тој ја истрча милјата (1.609 метри) со време 3:45,14 минути, соборувајќи го рекордот на Американецот Јаред Нугусе (3:46,63). Во истата трка постави и нов светски рекорд на 1.500 метри со резултат 3:29,63 минути, надминувајќи го својот претходен рекорд во сала (3:30,60 мин.), поставен на истото место пред три години.
„Чувството е неверојатно, повторно во Лиевен. Многу сум среќен бидејќи мораш да останеш фокусиран во текот на целата трка. Тешко е, но вреди“, изјави Ингебригтсен по големиот подвиг.
Поранешниот рекордер на милја, Јаред Нугусе, му честиташе на Ингебригтсен со посебна порака.
„Честитки. Понекогаш победуваш, понекогаш губиш. Траеше пет дена.“