До еден часот по полноќ траеше дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас, а на крајот се радуваше Србинот. Ѓоковиќ, кој десетпати бил шампион на Отвореното првенство на Австралија, се пласира во полуфиналето, каде што ќе игра против Александер Зверев.
Речиси четири часа траеше дуелот против Алкарас, а како еден од клучните моменти е поенот по кој Ѓоковиќ поведе со 2:1 во сетови. Неверојатен беше тој поен, а на крајот Ноле се радуваше и му даде дополнителна сила и самодоверба, па во четвртиот сет Новак на почетокот направи брејк и до крајот успешно го одбрани својот сервис за победа над големиот ривал Алкарас.
NOVAK DJOKOVIC EST EXCEPTIONNEL 🤯🇷🇸pic.twitter.com/C5TWsgX966
— Univers Tennis 🎾 (@UniversTennis) January 21, 2025
“