Јапонскиот фудбалер Казујоши Миура продолжува да приредува сензации и на 55-годишна возраст ќе се врати во Европа и ќе игра фудбал во Португалија.
Најстариот активен фудбалер на светот треба да потпише договор со второлигашот Оливеиренсе, екипа која се бори за опстанок.
Последен пат во европски клуб Миура играше во Динамо Загреб во 1999 година, односно пред точно 23 години.
Моментно игра во четвртата јапонска лига за Сузука ПГ, но е позајмен играч од Јокохама.
Сопственикот на Јокохама има над 50 посто акции во Оливеиренсе, односно го поседува управувачкиот пакет и Миура ќе биде засилување за да се избори опстанок.
Казујоши има играно за 14 клубови, Оливеиренсе ќе му биде 15-от, а меѓу попознатите за кои настапувал се бразилските Сантош и Палмеирас, потоа Џенова, Динамо Загреб, Висел Кобе, Јокохама и Сиднеј.
За репрезентацијата на Јапонија одигра 89 меча и постигна 55 гола, а најави дека сака кариерата да ја заврши на 60-годишна возраст.