Неверојатно – 35 години по ред, во НБА финале мора да има соиграч на Шекил

Ако сакате титула во НБА, треба во составот да имате барем еден кошаркар кој му бил клупски колега на Шекил О`Нил. Ова „правило“ важеше 34 години по ред, и беше прекинато лани, а сега има низа од 35 години едноподруго во кои во големото финале има барем еден некогашен соиграч на легендарниот Шекил.

Од финалето во 1984 година, па досега, секогаш во финале има некој што порано или подоцна, бил во ист тим со О`Нил. Низата ја почна Џорџ Кити од Бостон, а потоа следуваа Бајрон Скот во 1985, повторно Кити во 1986, Еј Си Грин во 1987 и 1988, Денис Родман во 1989, Џон Сели 1990, Хорас Грент во 1991, 1992 и 1993, Роберт Хори во 1994, 1995, 2005 и 2007, Стив Кер во 1996, 1999 и 2003, Рон Харпер 1997 и 1998, од 2000 до 2002, Шекил со Лејкерс освои три титули по ред, па автоматски имаше соиграчи со финале и титула, Линдзи Хантер 2004, во 2006 Двејн Вејд, Пол Пирс во 2008, Дерек Фишер 2009, Лук Волтон 2010, Саша Павловиќ 2011, Адонис Хаслем 2012, Реј Ален 2013, Борис Диао 2014, Леандро Барбоса 2015, Леброн Џејмс 2016, 2017 и 2018, а во 2017 го имаше и Мет Барнс.

Само во ланското финале, ниту еден екс соиграч на Шекил не освои титула како кошаркар. Инаку, тренерот Стив Кер делеше соблекувална со О`Нил во Орландо меџик во 1993 година.

Во годинешното финале, Дени Грин од Торонто репторс е човекот кој играл со Шекил во ист тим. Тоа се случи во дебитантската сезона на Грин, кога го носеше дресот на Кливленд кавалирс.

Сите корисници кои се дел од Sport Llife клуб, со собирање поени може да земат кошаркарска топка преку Sport Life маркетот.

- Оглас -

Најнови вести