Српскиот репрезентативец, Александар Митровиќ, има уште една година од договорот со Ал-Хилал, но клубот од Саудиска Арабија му даде одврзани раце да бара нова фудбалска средина и ќе му го раскине договорот.
Сепак, проблем е платата бидејќи Митровиќ во Саудиска Арабија заработува по 25 милиони евра годишно, сума која нема да ја добие на друго место. Следен клуб на Србинот се очекува да биде Лидс јунајтед, а разликата во платата ќе му ја исплаќа лично еден од шеиците кој е златен спонзор на Ал-Хилал.
Значи Александар Митровиќ каде и да потпише и за која плата и да се договори, ќе ги добие оние 25 милиони евра кои би ги заработил од последната година од договорот со Ал-Хилал.