8.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Неверојатно: Барселона и Манчестер сити елиминирани од Лигата на шампионите за млади! (Видео)

Европските гиганти Барселона и Манчестер сити уште во 16-финалната рунда ги завршија настапите во Лигата на шампионите за играчи до 19 години. Делува неверојатно, но Барселона загуби од Макаби Хаифа, и тоа по изведување на пеналите, а на ист начин Хелсинки го елиминира англискиот гигант Сити.

Макаби Хаифа како домаќин играше на неутрален терен во Ѓер, но Израелците водеа со 2:1 во 90-тата минута, кога беше досуден пенал за Барселона. Каталонците стигнаа до 2:2 и се изборија за шутирање пенали, но таму талентите од Макаби беа поуспешни и победија со 3:1. Делува неверојатно, но младинците на Барселона промашија три од четирите изведени пенали во „рулетот“.

Во Хелсинки, домашниот тим по многу драма го елиминира фаворизираниот гостин од Манчестер.

Хелсинки трипати водеше, со 1:0, 2:1 и 3:2, но Англичаните израмнуваа, па мораше понеделникот да се решава на пенали. Во пенал-рулетот сите петмина фудбалери на Хелсинки постигнаа гол, додека гостите имаа едно промашување и поради тоа се елиминирани во раната фаза од ЛШ за млади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести