31.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Неверојатно: Барселона ќе му плати пенали на Манчестер јунајтед ако не го откупи договорот на Рашфорд

Барселона и Манчестер јунајтед се договорија за едногодишна позајмица на Маркус Рашфорд, со можност Каталонците да го откупат следното лето за 35 милиони евра. Сепак, во договорот може да се сретне и една „чудна“ клаузула.

Доколку, сепак, Барселона одлучи да не го откупи договорот на Рашфорд следното лето, ќе мора да им плати пенали на Црвените ѓаволи во висина од пет милиони евра. Ваква клаузула ретко може да се сретне во договорите за позајмица, но се чини желбата на Барселона да го има Англичанецот во своите редови била толку голема, што прифатиле и вакво нешто.

- Оглас -

Најнови вести