Неверојатно дерби: Ваков луд пресврт може да направи само Баерн Минхен (Видео)

Баерн Минхен покажа зошто е најдобар тим во светот откако со 4:2 славеше во дербито на Германија против Борусија Дортмунд. Победата на Баерн не е неочекувана, но неверојатно е на каков начин домаќините стигнаа до трите бода.

Борусија предводена од Ерлинг Халанд успеа да ја затресе мрежата на домаќините по само 75 секунди игра. Истиот играч и по втор пат го матираше Мануел Нојер, па Баерн за неполни девет минути беше два гола во негатива. Двата погодоци на Халанд може да ги погледнете ТУКА.

Иако многу екипи кога ќе бидат во вакво заостанување против Борусија, веќе се откажуваат, Баерн е сосема нешто друго. Актуелниот германски, европски и светски првак тогаш како да се разбуди и почна да игра во своето препознатливо ниво. Роберт Левандовски прво погоди за 1:2 во 26 минута, а потоа од пенал пред крајот на првиот дел израмни на 2:2.

Нерешено беше се до 88 минута, а тогаш следуваше нов фуриозен период на Баерн Минхен. Леон Горецка погоди за целосен пресврт и водство на Баерн од 3:2, а Левандовски во 90 минута комплетираше хет-трик за победа на шампионот од 4:2.

 

- Оглас -

Најнови вести