9.8 C
Skopje
недела, 15 февруари 2026

Неверојатно: Доби отказ затоа што со Ѓоковиќ гледал Олимпијакос – Црвена ѕвезда!

Српскиот фудбалски тренер Марко Николиќ кој е шеф на стручниот штаб на атински АЕК, го отпушти својот помошник Александар Рогиќ затоа што го гледал кошаркарскиот натпревар Олимпијакос – Црвена Звезда во Пиреја со Новак Ѓоковиќ, без да го извести дека ќе биде таму.

Според грчка „Газета“, Рогиќ му премолчил на својот шеф (екс тренер на Партизан) дека ќе биде во салата „Мир и пријателство“ за натпреварот меѓу црвено-белите братски екипи кои се ривали на Партизан и АЕК.

Николиќ го сметал ова за неприфатливо, па затоа веднаш решил да го отстрани Рогиќ од својот тренерски штаб, поради што Рогиќ не отпатувал во Солун со тимот за натпреварот против ПАОК. Рогиќ работеше со Николиќ и во ЦСКА Москва, а од минатата година и во АЕК.

- Оглас -

Најнови вести