Турција е позната како земја во која атмосферата на фудбалските стадиони често знае да биде вжештена, а навивачите не ретко знаат да ги поминат и границите на тоа што е дозволено. Дури и кога има казни на некои од клубовите, фановите никако не може да се смират, а многу често реакциите се поради некои судиски одлуки.
Кулминација на револт кај фановите поради судиски одлуки се случи во минатото коло на дуелот меѓу Галатасарај и Гезтепе. Галатасарај победи со 2:1, но домашните фанови жестоко реагираа во еден момент кога главниот судија реши дека нема услови да се досуди пенал за гигантот од Истанбул.
Тогаш на мета се најде главниот судија Алпер Акарсу кога голем број на навивачи започнаа со навредливо скандирање. од фудбалската федерација на Турција се решија на една неверојатна казна за Галатасарај. Забрана за влез на еден натпревар добија сите оние навивачи кои се наоѓаа на секторите од каде се слушаше навредливото скандирање.
На трибините од стадионот имаше нешто повеќе од 45.000 гледачи, а вкупно 26.392 навивачи добија забрана за влез на стадионот на Галатасарај за дуелот против Коњаспор, кој ќе се игра на 25 јануари, односно на следниот домашен меч за турскиот гигант во првенството.
Galatasaray taraftarını susturamazsınız! pic.twitter.com/MneLP1wCJ4
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) January 9, 2025