15.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Неверојатно е како Меси се фокусира пред да шутне слободен удар (Видео)

Лионел Меси блеска на Копа Америка и со четири голови и четири асистенции е убедливо најдобриот фудбалер на турнирот на јужноамериканскиот континент. На последниот меч, во четвртфиналето против Еквадор, Меси имаше две асистенции, а потоа судијата досуди пенал во 90-тата минута за Аргентина.

Капитенот на Аргентина се подготвуваше да изведе пенал, но судијата доби сигнализација дека мора да гледа ВАР-технологија, која покажа дека прекршокот не бил за пенал затоа што бил направен надвор од шеснаесетникот. Иако беше подготвен да шутира пенал, Меси ја зеде топката и ја намести на слободен удар од 17 метри.

Шутот на Меси од слободниот удар беше фантастичен и постигна преубав гол за конечни 3:0. Ова беше вкупно 58-ми погодок на Меси од слободен удар во кариерата.

Тоа што посебно восхити многумина беше начинот на подготовка на Меси да го изведе слободниот удар. Лео се фокусираше, ја местеше топката, го гледаше аголот каде што е слободно да погоди и на крајот даде прекрасен гол.

https://twitter.com/i/status/1411718622733557767

https://twitter.com/i/status/1411520962676379648

 

- Оглас -

Најнови вести