Неверојатно е кој се ќе игра на Мундијалот: Немаат ни имиња на дресовите, но ќе биде 81-вата репрезентација што заиграла на СП

Квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година се во полн ек низ целиот свет, а 10 репрезентации веќе знаат дека ќе бидат дел на завршницата. Покрај ко-домаќините САД, Канада и Мексико, на завршницата место обезбедија и Аргентина, Нов Зеланд, Иран, Јапонија, Јужна Кореја, како и дебитантите Узбекистан и Јордан.

Најпрво Узбекистан си го визираше пласманот на Мундијалот и стана 81-вата селекција која ќе запише настап на планетарните собири, а потоа се приклучи и Јордан.

Узбекистан одигра 0:0 против директниот ривал ОАЕ и тоа беше доволно за епски момент, односно прв пласман на СП. Во своите редови Узбекистан има неколку фудбалери кои играат во Европа, а главни ѕвезди се Абдукодир Кусанов од Манчестер сити и Елдор Шомуродов од Рома.

Тоа што е специфично за оваа репрезентација е дека играчите на своите дресови воопшто ги немаат презимињата, што на некој начин покажува колку фудбалот не е толку важен во оваа земја од Централна Азија.

Сепак, пласманот на СП сигурно ќе донесе да има експанзија на фудбалот во Узбекистан, затоа што се работи за еден од најголемите тимски успеси на спортски план.

- Оглас -

Најнови вести