Неверојатно е колку голови постигнал Меси во последните 10 години

Лионел Меси на најдобар можен начин ја заврши 2019 година, со еврогол на дуелот против Алавес. Токму тој погодок беше и јубилеен 50-ти гол што Меси го постигна годинава за Барселона или репрезентацијата на Аргентина.

Во последните 10 години, Меси дури деветти пати успева да стигне до бројката од 50 погодоци. Само во 2013 година Аргентинецот не успеа да достигне до 50 голови. Таа година заврши со 43 погодоци. Интересно е дека само една година претходно, односно во 2012 година, Лео Меси постигна неверојатни 91 голови за 12 месеци.

Освен во таа 2012 година, втора најуспешна година му е 2010 гога стигна до 60 погодоци. Во сите останати години, погодоците се меѓу 50 и 59. Вкупно во изминатава декада, Меси има постигнато вкупно 579 голови во дресовите на Барселона и аргентинската репрезентација.

Ниту еден друг играч не може да се пофали со вакви бројки, што само покажува дека Меси едноставно е како машина за голови.

 

- Оглас -

Најнови вести