Неверојатно е што промаши ексфудбалерот на Партизан во првото полуфинале во Копа дел Реј (Видео)

Фудбалерите на Мајорка и Реал Сосиедад одиграа без голови во првиот натпревар во полуфиналето на шпанскиот Кралски куп и одлуката околу патникот во финалето ќе биде решена во Сан Себастијан.

Мајорка иако играше пред своите гледачи, се фокусира на одбрана на својот гол и најдобар доказ за таквиот пристап е податокот дека домашните фудбалери не упатија ниту еден шут во рамките на голот на Реал Сосиедад.

Реал Сосиедад беше подобар тим, создаде неколку шанси за гол, а најголем трагичар е поранешниот фудбалер на Партизан, Умар Садик, кој од пет метри го промаши целиот гол на Мајорка. Иако беше одлично проигран во петерецот на голманот на Мајорка, Садик лошо ја постави ногата и топката заврши преку голот.

Реванш-натпреварот на кој ќе падне одлуката околу патникот во финалето на Кралскиот куп ќе се игра на 27 февруари во Сан Себастијан.

Утревечер во второто полуфинале ќе играат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

- Оглас -

Најнови вести