Удинезе и Калјари ремизираа 1:1 во меч на кој домаќините се тие кои може многу повеќе да жалат што не успеаа да стигнат до триумф. Гостите водеа на полувреме со голот на Борељи, а Удинезе израмни преку Кабаселе во 58 минута.
Во финишот на средбата Удинезе имаше стоостотна шанса за победа преку Николо Заниоло. По еден кикс на одбраната на Калјари, играчот на домаќините имаше стоостотна шанса за погодок, но неговиот шут заврши високо над голот.