Лионел Меси засега е вистински лидер на Аргентина во походот да стигне до светската титула. Капитенот на Аргентина синоќа го даде првиот гол во триумфот од 2:1 над Австралија, по кој Гаучосите се пласираа во четвртфиналето на Мундијалот.
За Меси ова беше јубилеен 1.000 меч во кариерата и стигна до 789 погодоци. Интересна е споредбата за тоа каков е ефектот на Меси на Светските првенства, со тој што го имал легендарниот Диего Армандо Марадона на настапите на планетарните собири.
Неверојатно идентична е статистиката кога треба да се спореди ефектот на Меси и на Марадона во дресот на Аргентина на СП. Единствената и најголема разлика е во тоа што Марадона има светска титула од 1986 година, а Меси уште мечтае да ја освои Богињата. Актуелниот турнир во Катар е последна шанса за Меси, а сега на Аргентина и остануваат уште три препреки за да стигне до посакуваниот успех.
Холандија е ривалот на Аргентина во четвртфиналето, а ако успеат да ги поминат Лалињата потоа ќе бидат во топ 4 во светот и многу блиску до трофејот.
#10 – A selection of Lionel Messi and Diego Maradona’s stats at the World Cup. Artists. pic.twitter.com/GzHElSXpJk
— OptaJoe (@OptaJoe) December 3, 2022