Неверојатно: Флорентино Перес барал од навивачите да скандираат против ФС на Шпанија?!

Реал Мадрид попладнево ја пречекува Жирона на домашен терен во меч од 25-тото коло од шпанската Ла Лига. „Кралевите“ се пред императив за победа, за да останат во борба со Барселона и Атлетико Мадрид, екипи кои веќе ги одиграа своите натпревари и веќе победија.

Во Мадрид се уште тлее гневот кон судиите, па иако претходно ги обесхрабруваше навивачите да скандираат против Фудбалскиот сојуз, наводно, Флорентино Перес сега испраќа подруги сигнали и бара од нив да скандираат „Корупција во сојузот“ во 12-тата минута.

Реал Мадрид веќе е предаден на дисциплинска комисија поради скандирањата против ФС на Шпанија, но и поради навредите кон судиите, кои веќе одржаа состанок и се заканија дека ќе почнат со штрајк доколку не прекинат навредите кон нив, бидејќи се чувствуваат дека нивната безбедност е загрозена.

- Оглас -

Најнови вести