12.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Неверојатно, фудбалер за еден месец беше член на четири различни клуба!

Египетскиот фудбалер Амр Варда, кој своевремено го најавуваа како наследниик на Мохамед Салах, веројатно е уникат во светот по тоа што само за еден месец смени дури четири клуба.

Варда е поранешен египетски репрезентативец, од 2015 до 2019 година играше за националниот тим, но за време на Африканскиот куп на нациите пред четири години беше избркан од Фараоните поради непристојни пораки со сексуална содржина кон девојки кои одбиле да имаат секс со него.

Варда има играно во Грција за ПАОК во 2021 година, а од 2021 до јануари 2023 беше во кипарскиот Анортозис. Минатата сезона ја доигра во Аполон Лимасол на Кипар, а потоа почна неговото менување клубови како на филмска лента.

На 12 август Варда од Аполон премина во Раџа Казабланка, но иако потпиша двегодишен договор, во мароканскиот гигант остана само 12 дена. На 24 август стана член на Докса Катокопијас од Кипар, но брзо и тој договор беше раскинат (некои велат дека немал виза, други велат проблемот бил медицински). На 28 август беше објавено дека се договорил со Естегал од Иран, но клубот не сакал да биде измамен од газдата на Докса и одбија да го земат Варда, а тој веќе на 20 септември потпиша за египетски Фарко и уште е нивен играч.

- Оглас -

Најнови вести