Неверојатно: Гриезман стана татко по трети пат, сите три деца му се родени на 8 април

Антоан Гриезман денеска не тренираше со екипата на Барселона затоа што чекаше неговата сопруга Ерика да се породи. Францускиот фудбалер доби ќерка која ќе се вика Алба. Ова е изненадување за многумина бидејќи Гриезман јавно немаше објавено дека неговата партнерка е трудна.

Неверојатно е што сите три деца на Гризи и неговата жена, која е Шпанка од Баскија и со која е од деновите кога играше за Реал Сосиедад, се родија на истиот датум, 8 април. Првата ќерка Миа се роди во 2016 година, а синиот Амаро во 2019 година. Денеска на свет дојде Алба, а и таа ќе слави роденден на осми април, па тоа ќе бидат групни веселби во иднина.

- Оглас -

Најнови вести