Неверојатно: губеа со пет поени разлика на 4 секунди до крај, но победија (Видео)

Кошаркарите на литванскиот прволигаш Јонава, направија нешто што ретко се гледа. Победија против Пиено со 93-92, иако губеа со пет поени разлика на 4,2 секунди до крајот, а немаа ни тајм-аут, и ова е дефинитивно пресврт на сезоната.

Најпрвин Минеикис погоди тројка за намалување на 90-92, а потоа Пиено ја имаше топката, но при обид да се ослободи и да ја прими топката, Вотсон направи глупав фаул во напад на две секунди до крајот, па Јонава доби шанса да изедначи или да победи. Американецот Мајкл Луис беше фаулиран при обид за три поени, ги погоди трите слободни фрлања на 0,3 секинди до крајот, и му донесе неверојатна победа на својот тим во меч кој се чинеше дека е загубен.

За Јонава игра Страхиња Миќовиќ кој во минатата сезона беше член на МЗТ Скопје Аеродром.

Еве како тимот на Миќовиќ дојде до победа во лудиот финиш каков што е можен само во кошарката:

https://twitter.com/i/status/1711092614877925401

- Оглас -

Најнови вести