Неверојатно: Хајдук дојде до бројка од 100.000 члена!

Сплитскиот Хајдук и официјално објави дека ја надминал магичната бројка од 100.000 члена. Со ова сплитските бели се најдоа во одбрано друштво само на 15-тина клуба од целиот свет коишто ја имаат надминато оваа бројка.

Во друштвото на најголемите клубови според бројот на членовите се: германските Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Келн, Ајнтрахт Франкфурт, Шалке и Хамбугер, шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид, како и португалските Порто, Бенфика и Спортинг Лисабон.

Хајдук оваа година слави 112 години од формирањето и целта е до крајот на годинава да имаат 112.000 члена под мотото „Незамисливото, тоа е нашата цел“.

- Оглас -

Најнови вести