Неверојатниот Ерлинг Халанд продолжува да фасцинира, па синоќа даде два гола во убедливата победа на Манчестер сити против Копенхаген од 5:0. Халанд играше само во првото полувреме, а потоа беше заменет, па остана на бројката од 28 погодоци во 22 меча во Лигата на шампионите.
Со просек од 1,27 погодоци по натпревар во елитното натпреварување на УЕФА, Халанд има подобар просек дури од 98 клубови кои биле дел од Лигата на шампионите во изминативе три децении.
По победата над Копенхаген, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека Халанд е среќен меѓу Граѓаните и дека не постои клаузула дека тој ќе замине во Реал Мадрид.
„Не е точно дека постои клаузула дека може да замине во Реал Мадрид или кој било друг клуб. Што повеќе да кажам од тоа дека не е точна таа информација. Халанд е среќен во Манчестер сити“, рече Гвардиола.