Неверојатно, хрватски третолигаш плати 500.000 евра за фудбалер кој сè уште нема 18 години

Хрватскиот третолигаш Кустошија кој беше сензација пред неколку месеци кога на Барселона и продаде фудбалер за 5 милиони евра, сега повторно е во фокусот бидејќи направи рекорден трансфер на Балканот за екипа која игра во третата лига.

Кустошија плати 500.000 евра отштета за репрезентативецот на Мали до 17 години, Баје Кулибали. Кулибали денеска со Мали загуби во полуфиналето на Светското првенство од Франција, а во Хрватска ќе пристигне во јануари.

„Ова сигурно е најголем трансфер во историјата на Хрватска кој го прави екипа која игра во третата лига. Него го бараа од Лил и Виљареал, но ние постојано го „мамевме“ да дојде во Кустошија. Кога виде дека Фаје од Кустошоја направи трансфер во Барселона и тој одлучи да дојде кај нас, изјави Анди Бара, кој е дел од управата на хрватскиот третолигаш.

- Оглас -

Најнови вести