35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Неверојатно: И 15-ти фудбалер ќе се пресели од Брајтон во Челзи

Се чини дека екипата на Брајтон е омилената на Челзи, барем кога се работи за трансферите. Откако Сините беа преземени од Тод Бојли, вкупно 15 трансфери се реализираа од Брајтон во Челзи.

Сините на ривалот од Премиер лигата му исплатија 257 милиони фунти, а последниот кој ќе се пресели од Брајтон на „Стемфорд бриџ“ е 21-годишниот офанзивец Хулио Енсисо.

Сепак, Енсисо нема веднаш да пристигне во Челзи, туку следната сезона ќе ја мине како позајмен во филијалата Стразбур, а наредното лето ќе се пресели на „Стемфорд бриџ“.

- Оглас -

Најнови вести