Неверојатно: Иран нема да учествува на Мундијалот во САД, Канада и Мексико?!

Репрезентацијата на Иран нема да учествува на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, барем такви се најавите од министерот за спорт на оваа земја.

Според него, не постојат шанси Иран да учествува на Мундијалот, па сега ФИФА е ставена пред сериозен испит бидејќи шампионатот ќе остане со еден учесник помалку.

„Иран не може да учествува на Светското првенство 2026 откако Соединетите Американски Држави, кои се еден од домаќините, заедно со Израел изведоа воздушни напади врз нашата земја, при што беше убиен нашиот лидер ајатолахот Али Хамнеи. Со оглед на тоа што овој корумпиран режим го уби нашиот лидер, под никакви услови не можеме да учествуваме на Светското првенство“, рече министерот за спорт на Иран, Ахмад Доњамали.

Иран треба да игра во група заедно со селекциите на Белгија, Египет и Нов Зеланд. Сега се очекува ФИФА нивното место да му го додели на Ирак, селекција која кон крајот на месецов треба да учествува во интерконтиненталниот плејоф, а нивното место во разигрувањето да го добие селекцијата на ОАЕ.

- Оглас -

Најнови вести