5.8 C
Skopje
недела, 28 декември 2025

Неверојатно: Ја започна кариерата во 1986 година, а сега има нов клуб

Јапонецот кој важи за симбол на долговечноста во фудбалот, Казујоши Миура, продолжува да игра на професионално ниво и во својата 58-ма година од животот. Тој и официјално е нов фудбалер на Фукушима јунајтед, откако од клубот и официјално потврдија дека потпишале со него.

Миура ја започна својата кариера во далечната 1986 година, а на почетокот настапуваше во Бразил. Беше дел и од италијанска Џенова, но и од Динамо Загреб, а интернационална кариера крадеше и во Австралија. Сепак, најголем број од клубовите за кои настапуваше се од Јапонија.

58-годишниот фудбалер има и 89 настапи за репрезентацијата на Јапонија, за која постигна 55 гола во периодот од 1990 до 2000 година, а настапува и за футсал селекцијата на неговата татковина.

- Оглас -

Најнови вести