Холандскиот интернационалец Дони ван де Бек го напушта Манчестер јунајтед и следната сезона ќе настапува за шпанската сензација, Жирона. Фудбалерот кој во 2020 година се пресели од Ајакс на „Олд Трафорд“ за 39 милиони евра, сега си оди за смешна сума од 500.000 евра.
Сепак, оваа сума може да порасне со дополнителните бонуси. Оние што се полесни за остварување, лесно ќе му донесат на Јунајтед дополнителни четири до пет милиони евра, но доколку се исполнат и оние потешките, тогаш сумата може да се искачи и на 15 милиони евра.
Ван де Бек не ги исполни очекувањата во Манчестер јунајтед и одигра само 62 натпревари за четири години, а беше испраќан и на позајмици во Евертон и Ајнтрахт Франкфурт.