Неверојатно: Ќе патуваат 12 часа низ воена зона само за да ги задржат шансите за пласман на Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Ирак сè уште е во неизвесност дали воопшто ќе успее да стигне да учествува на интерконтиненталниот турнир во Мексико или можеби ќе добие директно учество на Светското првенство.

Од Иран има најави дека нема да учествуваат на Мундијалот, а тоа на Ирачаните би им донело директен пласман, но додека трае неизвесноста, тие мора да се подготвуваат за учеството во баражот. Сепак, во тој дел од Блискиот Исток се одвиваат воени дејствија, воздушниот простор е затворен, а репрезентативците на оваа земја се буквално заробени.

Планот е тие со автомобили да патуваат 12 часа низ воената зона сè до границата со Јордан, а дури потоа да одржат собир на безбедна локација и да тргнат кон Мексико.

Ирак во финалниот бараж за пласман на Светското првенство треба да игра против победникот од дуелот помеѓу Суринам и Боливија и според рејтингот е најголем фаворит на турнирот во Мексико.

Фудбалскиот сојуз на Ирак испрати барање до ФИФА за одложување на баражот, но одговор сè уште нема добиено, па извесно е дека ќе мора да патуваат на турнирот, а својата шанса ја чека и селекцијата на Обединетите Арапски Емирати, која би била нивната прва замена во случај да не успеат да ја напуштат земјата.

- Оглас -

Најнови вести