Неверојатно, Кинезот Џао го збриша легендарниот Рони О‘Саливен

Џао Синтонг стана втор Кинез по Динг Жунхуи од 2016 година кој се пласирал во финале на Светско првенство во снукер.

Особено спектакуларен беше начинот на кој Џао го елиминираше најдобриот во историјата, Рони О‘Саливен. Кинезот ги доби сите осум фрејмови во втората сесија и после 4-4, поведе со 12-4. На крај беше 17-7 во фрејмови за Џао.

На О‘Саливен за првпат по 2006 година му се случи да ги загуби сите осум партии во една сесија на СП.

Во другото полуфинале има многу поголема борба. Резултатот во дуелот на Џад Трамп и Марк Вилијамс е 8-8, а утре ќе се знае кој ќе му биде ривал на Џао во финалето во Шефилд.

- Оглас -

Најнови вести