Формула 1 пилотот Шарл Леклер, како уште да ја слави победата на трката во Монца, па мислите како да му беа таму, и направи една неверојатна возачка грешка која резултираше со мал судар со друг автомобил.
Инцидентот се случи во Монте Карло. Леклер го возеше своето сиво Ферари Пуросангуе кое вреди над 300.000 евра и во една остра кривина на надолнина, го закачи возилото кое беше пред него.
И покрај очигледниот контакт, двајцата возачи продолжија да возат без воопшто да излезат од своите автомобили. Леклер крена рака во знак на извинување.
Моментот на судар беше снимен и стана хит на социјалните мрежи:
https://twitter.com/i/status/1831854211258298499