Роберт Левандовски моментално важи за најдобра „деветка“ во Европа, меѓутоа напаѓачот на Баерн Минхен прописно се избламира во дуелот против Ајнтрахт од полуфиналето во Германскиот куп.
Се играше 12-тата минута кога Баварците креираа одлична акција, која Левандовски требаше да ја круниса со гол, но Полјакот целосно ја утна топката пред самиот гол по додавањето на Милер. Бомбардерот на Баерн иако оваа сезона е неприкосновен со 44 гола во сите натпреварувања, не успеа да го реализира „зицерот“ сервиран од неговиот соиграч.
Среќа за тимот на Ханси Флик што Перишиќ донесе предност од 1-0 само неколку минути по огромното промашување на Левандовски.