Неверојатно: Марадона е закопан без срце бидејќи навивачи планирале да му го украдат

На 25 ноември ќе се одбележи една година од смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона.

По тој повод, деновиве во Аргентина се објавуваат детали од последните денови на славниот фудбалер, а една од нив е навистина бизарна, а сето тоа се случило по смртта.

Во книгата на лекарот Диего Кастро со наслов „Здравјето на Марадона: Вистинска приказна“ пишува нешто неверојатно.

„Група навивачи на Гимназија Ла Плата имаше план да го украде срцето на Диего, но тоа сето беше дознаено на време и поради сигурносни причини, тој беше закопан без срце.

Воедно се правеа и дополнителни истражувања врз органот, каде што утврдивме и дека Марадона почина поради срцев удар“, се вели во книгата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести