Француската Лига 1 објави листа од десет најголеми брзини кои се истрчани од фудбалерите сезонава, а изненадувачки, во Топ 10 го нема Килијан Мбапе, за кого се смета дека е еден од најбрзите на светот.
Ова покажува дека во францускиот шампионат има играчи со голем физички потенцијал. Мбапе не е најбрз ниту во својот клуб Пари Сен Жермен, најбрз е Ашраф Хакими со спринт кој го трчал со брзина од 35,90 километри на час и го дели десеттото место.
Најбрз е Муса Тамари од Монпелје, кај кого е измерена брзина од 36,31 километар на час.