Неверојатно: Мбапе пред две години на ист ден, на ист стадион даде гол во иста минута, но има една голема разлика

Реал Мадрид во голем стил, со нов трофеј ја завршува 2024 година. Кралскиот клуб со 3:0 славеше над Пачука од Мексико во финалето на Интерконтиненталниот куп. Првиот гол за Реал го постигна Килијан Мбапе, и тоа во 37-мата минута, односно точно во 18:37 часот.

Интересно е дека точно пред две години, на истиот датум (18 декември), на истиот стадион во Катар, Мбапе постигна гол во 37-мата минута, односно точно во 18:37 часот. Тогаш тој беше во дресот на француската репрезентација, во финалето на Светското првенство против Аргентина.

Единствена, но огромна разлика од тој гол што Мбапе го постигна против Аргентина и тој сега против Пачука е што во 2022 година Французинот на крајот беше разочаран и поразен го напушти стадионот во Катар, е вечерва со Реал се радуваше на трофејот.

- Оглас -

Најнови вести