Неверојатно: На 25 април биле трите најшокантни меча за Партизан во последните 13 години (Видео)

Партизан успеа да го победи Реал во Мадрид во првиот меч од четвртфиналната фаза во кошаркарската Евролига и со тоа да поведе со 1:0 во серијата подобар до три триумфи. Шокантна беше завршницата во Мадрид, а херој е Кевин Пантер, кој погоди тројка за победа на 0,4 секунди до крајот.

Интересно е дека овој датум, 25 април, станува историски за Партизан затоа што токму тогаш Црно-белите играат дуели за историја кои се памтат долго време. Во последните 13 години, токму на овој датум се одиграни мечевите кои сите љубители на кошарката ги памтат.

Во 2010 година на 25 април Партизан гостуваше во Загреб кај Цибона во финалето од АБА-лигата. Цибона погоди тројка за 74:72 на 0,6 десетинки од крајот. За Партизан остана само шанса да изведе и првиот што ќе ја допре топката да ја фрли кон противничкиот кош. Тоа го направи Душан Кецман, кој од својата половина успеа да погоди неверојатна тројка и да ги шокира домашните навивачи, а на Партизан да му донесе титула во АБА-лигата.

Точно четири години по тој шокантен меч со среќен крај за Партизан се случи уште една драма во АБА-лигата. Овојпат Партизан ѝ беше домаќин на Цедевита во Белград и ќе го паметат по лошо.

Се играше полуфиналето од АБА-лигата, Партизан водеше, но Нилан Смит погоди тројка речиси од половина терен со звукот на сирената и Цедевита се пласира во финалето.

Тркалото вечерва се сврте повторно во корист на Партизан, па Пантер погоди тројка за победа во Мадрид, каде што Реал многу ретко губи, посебно не во толку значајни средби.

- Оглас -

Најнови вести