Неверојатно: На последните 11 меча меѓу Џенова и Интер, домаќините секогаш победувале

Еден од најинтересните мечеви кои денеска ќе се играат во Серија А сигурно ќе биде тој во Џенова. Домаќините се безбедни на средината од табелата и се без многу притисок, додека Интер ќе брка победа. За „нераѕурите“ секој бод е важен во трката за место кое води во Лигата на шампионите за следната сезона.

Интересно е што на овој меч се очекува враќање на Мауро Икарди, кој подолг период не играше за Интер поради кавга со челниците на клубот. Икарди ја загуби капитенската лента, а потоа одби да игра на еден меч и веднаш беше тргнат од првиот тим. Сега се очекува тој да биде стартер против Џенова

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев повторно ќе се сретне со својот прв клуб во Италија. Популарниот Гоче со Интер ги имаше најголемите успеси, кога ги освои Серија А, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство. Се очекува вечерва да биде резерва, но тоа сигурно нема да му пречи на Горан.

Пандев беше резерва и против Јувентус, па кога тој влезе, прво асистираше за водство на Џенова, а потоа даде и гол во триумфот од 2-0. Дали ќе биде така и вечерва, останува да видиме.

Инаку, што се однесува до дуелите на Џенова и Интер, постои една интересна традиција. На последните 11 средби во Серија А, секогаш победувал домаќинот. Есеноска Интер славеше со убедливи 5-0, а во претходните 10 мечеви резултатите беа во корист на домаќините, а интересно е и тоа што на девет од овие 11 дуели гостите не постигнувале погодок.

Еве како завршувале последните 11 меѓусебни средби:

Интер – Џенова 5-0

Џенова – Интер 2-0

Интер – Џенова 1-0

Џенова – Интер 1-0

Интер – Џенова 2-0

Џенова – Интер 1-0

Интер – Џенова 2-0

Џенова – Интер 3-2

Интер – Џенова 3-1

Џенова – Интер 1-0

Интер – Џенова 2-0

 

 

- Оглас -

Најнови вести