Неверојатно: Наполи и Интер не победија, па титулата ќе се одлучува во последното коло (Видео)

Италијанската Серија А ќе има неверојатна завршница, откако ниту Наполи, а ниту Интер не успеаја да победат во претпоследното коло од Серија А. Разликата на табелата останува еден бод во корист на екипата од Неапол, но Интер беше многу поблиску до победата.

Екипата од Милано на домашен терен одигра 2-2 против Лацио, иако двапати водеше, а без победата остана во 90-тата минута и тоа со гол од пенал. Бишек во втората минута од продолжението на првиот дел го донесе Интер во водство од 1-0, а Педро во 72-рата минута израмни на 1-1.

Само осум минути подоцна, Дамфрајс повторно го донесе Интер во водство, но Педро од пенал во 90-тата минута ги постави конечните 2-2.

Наполи одигра само 0-0 на гостувањето кај Парма, па титулата ќе се решава во последното коло. Наполи на домашен терен ќе го пречека Каљари, додека Интер гостува кај Комо.

Драма ќе има и за излез во фудбалска Европа, пред се за пласман во Лигата на шампионите. Јувентус и Рома победија, па најголем губитник е Лацио, иако со бод се враќа од Милано.

Во борбата за опстанок, дури пет екипи ќе се обидат да се спасат, а разликата помеѓу 15-тата Верона и 18-тото место на Емполи е три бода.

- Оглас -

Најнови вести