Ретки се фудбалските натпревари во прволигашка конкуренција на кои паѓаат двоцифрен број на голови, но токму тоа се случи вчера и тоа не во некое слабо натпреварување во егзотична земја, туку во чешкото првенство, Млада Болеслав на гостувањето кај Злин славеше со неверојатен резултат од 9-5.
На полувреме беше 2-1, а потоа во второто полувреме паднаа дури 11 голови.
Особено зачудувачки е што тим кој постигна пет гола, загуби меч, и тоа убедливо, нешто што се случува, што се вели, можеби еднаш во 100 години. Злин е последен на табелата, но не смее еден тим од таков ранг да си дозволи да прими дома дури девет голови.
Погледнете ги сите 14 голови: